close

За Медис

Медис во Македонија пласира бројни важни, квалитетни и посебни лекови, медицински средства и диететски производи. Овие медицински производи се посебни затоа што доаѓаат од светски познати производители, последна генерација во својата област.

Претставништвото на Медис во Македонија е единица во состав на матичната куќа Медис, која ја покрива скоро цела југоисточна Европа.

Од основањето во 1989.год. Медис отвори свои претпријатија и претставништва во Австрија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Унгарија, Македонија и Србија, а присутен е и во Црна Гора, Косово, Португалија и Словачка.

На партнерите од областа на фармацевтската индустрија Медис им нуди целокупна понуда на маркетиншки услуги, како што се истражување на пазарот, стратешко планирање, регистрација, набавка, промоција и продажба, како и складирање и дистрибуција.

Во компанијата Медис моментално работат повеќе од 280 вработени, воглавно со висока стручна спрема.

Друштвото Медис е фармацевтска компанија која пазарите на Централна Европа и Балканот ги снабдува со внимателно избрани лекови, додатоци во исхраната и медицинска опрема.

Медисови Е–новости
Се согласувам со условите за употреба.