close
Почетна > Вработени > Подрачја на работа

Подрачја на работа

Медис се состои од повеќе претпријатија во различни држави. Матичната единица во Словенија е составена од повеќе сектори кои се сконцентрирани на различни целни групи, односно вршат активности за подршка.

Најтипични работни места во продажните сектори се Продукт Менаџер и стручен соработник. На тие работни места неопходно се потребни личности со образование од природни науки, значи пред се фармацефти, лекари, биолози или хемиски инженери.

Продукт Менаџер

Продукт Менаџерите се задолжени за барање на нови иновативни производи и за нивно лансирање на пазарот. Често имаат прилика на пошироката јавност да и претставуваат потполно нови производи кои пазарот сеуште не ги познава, затоа нивната работа е мошне забавна, разнолика, а воедно и захтевна.

Најпрво мораат добро да ги запознаат производите, да востановат како и каде лекарот ќе ги употребува и што е најдобро за пациентот. Сето тоа знаење преку стручните соработници им го пренесуваат на здравствениот персонал, а пошироката јавност ја информираат најнапред по пат на огласување, организирање на настани, конгреси и работилници.

Стручни соработници

Стручните соработници на терен се среќаваат воглавно со лекари и други медицински лица на кои им ги претставуваат производите на Медис и предностите на тие производи за пациентите. Таа работа е захтевна, затоа стручните соработници мораат мошне добро да ги познаваат производите. Меѓутоа секој ден се среќаваат со стручњаци од различни области, што на нивното секојдневие му дава динамика, а на нив им нуди прилика за учење на нови работи.

Регулативa

Стручи лица, пред се со фармацефтско образование кои подобро се снаоѓаат во канцеларија отколку на терен, а се многу прецизни, неопходно се потребни во службата за регулатива. Тука ја подготвуваат и прегледуваат потребната документација за регистрација на лекови и медицинските сретства, ги следат клиничките испитувања и ги запишуваат несаканите дејства на лековите.

Логистика

Вработените во Логистика водат грижа се што се однесува на испорака, набавка, складирање и транспорт на производите на Медис да тече како што треба. Вработените со образование од економски и комерцијален смер работат како референти за продажба, набавка и извоз. Како екипа мораат да работат ускладено со сите Продукт Менаџери и вработените во Регулатива за да можат ефикасно да управуваат со залихите и да водат сметка за соодветен начин на транспорт и складирање на чувствителни лекови.

Пазарно комуницирање

Во Службата за пазарно комуницирање се создаваат промотивните материјали на Медис (огласи, проспекти, летоци, интерни страници...). Вработените со различно образование, од графички дизајнери до комуниколози, имаат можност да ја изразат својата креативност и да покажат организациска способност. Службата за пазарно комуницирање води грижа за организирање на настани ( како што се на пример лансирање на нови производи, излети, новогодишни забави за вработените и странките), како и за редакцијата и издавањето на интерното списание Прелета.


Информатика

Во одделот за Информатика вработена е група стручњаци од информатичката област. Водат грижа за деловно-информатичкиот систем на Медис, како и за целата компјутерска и техничка опрема на претпријатието. Важен сегмент во нивната работа е планирањето на развојот на информатичкиот систем, односно изнаоѓање програмски решенија кои ќе можат да го следат темпото на работа и потребите за преглед на податоци.

Финансии и сметководство

Финансиско-сметководствениот сектор се грижи за финансиското работење. На типичните работни места како што се на пример сметководител, книговодител, референт за платен промет, планер-аналитичари и други, работат главно личности со економско образование, но и од други профили.

Медис останува водечко независно претпријатие кое нуди целосни услуги. Тие опфаќаат завршни клинички испитувања, планирање, регистрации, набавка, активна промоција и продажба, како и складирање и дистрибуција.

Медисови Е–новости
Изјавувам дека сум запознаен со Правилникот за заштита на правото на приватност.