close
Почетна > Вработени > Задоволни вработени

Задоволни вработени

Во Медис моментално има околу 280 вратобени, од нив повеќе од 70% со високо образование. Најмногу се фармацевти, хемичари и лекари, а во помошните служби работат и лица од друштвени и економски насоки како и информатичари, сметководители и правници. Медис, пред се заради знаењето и ефикасноста на вработените во овие дваесет и пет години од своето постоење стана меѓународна фармацевтска компанија која работи во повеќе од десет држави. Затоа нашиот рецепт за брз раст и развој останува ист:

  • го работиме она што не прави среќни и во што веруваме, затоа работиме со страст и воодушевеност
  • насочени сме кон цел до која се обидуваме да стигнеме најбрзо и по најкраток пат
  • со леснотија се растеретуваме и себе и нашите странки

На вработените им овозможуваме постојана едукација, развој на меѓународна кариера, организираме друштвени настани како што се излети, новогодишни забави и спортски приредби.

Задоволството на вработените секоја година го мериме со анкета. И покрај брзиот раст на компанијата веќе долги години ни успева да го задржиме високиот степен на задоволство кај вработените. На скала од 1 до 7 каде што 7 е најдобра оценка, последните години вкупната просечна оценка е поголема од 5, во некои држави дури и над 6.

Меѓу најдобро оценетите подрачја спаѓаат статусот на вработениот во компанијата, начин на раководење, работното опкружување, меѓусебните односи, степенот на одговорност и чувството на личен успех на работното место. Значи го работиме она што сакаме да го работиме и со луѓе на кои им веруваме. Врз основа на резултатите од анкетата заедно ги создаваме предлозите за следните чекори, а за промените од минатата година разговараме.

Компанијата Медис се карактеризира со здрав однос спрема работата. Го работиме она што не прави среќни и во што веруваме, затоа работиме со страст и воодушевеност!

Медисови Е–новости
Изјавувам дека сум запознаен со Правилникот за заштита на правото на приватност.