close
Почетна > За медиуми > Новости

Новости

Sorry, there are no translated news-articles in this Archive period.

Успешната меѓународна фармацевтска компанија Медис од јануари има нов генерален директор

Долгогодишниот генерален директор на компанијата Медис, д.о.о., Тоне Стрнад, го наследува др Мартина Перхарич, досегашна директорка на секторот Фармација во истата компанија. Тоне Стрнад ја основа и води компанијата Медис 29 години, а во истата останува како претседател на Надзорниот одбор.

Др Мартина Перхарич, магистер по фармација, ја започнува својата кариера како истражувач на Институтот за патолошка физиологија на Медицинскиот факултет во Љубљана и по завршувањето на докторатот од областа на невробиолошките науки се придружува во тимот на компанијата Hoechst (подоцна Aventis) како шеф на терапевтските области за воведување на иновативни лекови. Неколку години подоцна го презема управувањето со секторот Фармација во компанијата Медис во Љубљана со желба да во стимулативна и креативна околина, како и околина полна со знаење, помогне во издигнувањето на Медис како водечка независна меѓународна компанија за медицински маркетинг во овој дел од Европа. 1-ви јануари 2018. после 17 години работење во Медис го презема водењето на компанијата.

Сега, со размислувања и планови за нови проширувања веќе влегува во претстојниот период во кој одговорно ја прифаќа улогата на генерален директор: »И во иднина ќе се трудам да во Медис заедно креираме разлика помеѓу добри и одлични производи, услуги, вработени и тимови, а со тоа значајно ќе влијаеме на здравјето на луѓето кои и покрај болеста, благодарение на Медис имаат привилегија да се лекуваат со најдобрите лекови.

Уверени сме дека ќе се развиваме моќно и во правилна насока бидејќи имаме одлична основа за тоа: таленти, лидери, извори, упорност и желба, одговорни и паметни тимови, знаење и отворени срца; брзиот технолошки напредок и постојаното прилагодување на напредокот дополнително ќе ни помогнат да бидеме уште подобри, похрабри, поспецифични, поиновативни и уште поуспешни. Значаен дел од нашиот успех исто така ќе биде и успешното лансирање и продажба на нашите сопствени производи на поголем дел од пазарите во ЕУ на кои сеуште не сме присутни и во кои ќе ги воведеме најновите производи на веќе постоечките, како и на новите партнери во сегментот на лекови, медицински средства и опрема, дијагностика, како и во делот на естетската медицина која ќе може да ги подобри моменталните терапевтски можности.

Во својата досегашна кариера, др Перхарич учествува во развојот на неколку успешни брендови и одличен тим на вработени со кои во текот на сите овие години воведува многу иновативни лекови на пазарите на кои компанијата Медис работи, и каде тие лекови се многу потребни. Таа исто така, е ко-основач и прв уредник на словенечкиот магазин Наша аптека и е еден од идејните основачи на наградите Medis Awards за научно истражувачки достигнувања од областа на медицината и фармацијата.

Тоне Стрнад за својата наследничка на функцијата генерален директор на Медис: »Имам голема среќа што моето место го препуштам на својата долгогодишна соработничка со која имаме многу сличен начин на размислување и која во последните години полека преземаше сé поголем дел од мојата работа. Има изразено многу енергија, многу знаење, искуство и мудрости.

Тоне Стрнад, основач на компанијата Медис, д.o.o., и новата генерална директорка др Мартина Перхарич (Фото: Урбан Mодиц)

Во октомври 2017. словенечкиот весник Finance ја рангираше Медис на 88. место на листата на ТОП 101 најголеми деловни групации и компании во 2016. година во Словенија со приход од 73,2 милиони € и нето добивка од 7,9 милиони € и на 15. место на најуспешни деловни групации и компании во 2016. година во Словенија (EBITDA маржа 11,6% и ROA 15,3%). Според дневниот весник Delo на 30. октомври 2017. групацијата Mедис Интаго, чиј главен дел е Медис, д.o.o., го зазема 90. место помеѓу 100 те најдобри словенечки групациски компании според нето приходите од продажбата во 2016. година.

Во текот на речиси 30 годишното работење, со огромна посветеност на своите вработени, со помош на новите технологии и секако, со избор и воведување на одлични производи, компанијата Медис активно придонесе во напредокот на третманот за лекување на пазарите во Централна Европа. Како една од главните причини за одличен раст и развој на компанијата, др Перхарич го истакнува знаењето и напорната работа на сите вработени во компанијата: »За добра афирмација на една компанија во толку захтевна индустрија како што е фармацијата и на толку различни пазари, најважно од сé е дека континуирано градиме тим на вработени кои се посветени на една заедничка цел и кои со своето работење се трудат да придонесат за подобро лекување на луѓето. Најдобар резултат е излечен пациент!

Секако дека ни се потребни вработени со специфични знаења и индивидуална експертиза, но само откако ќе ги сместиме во одличен тим, добиваме вистинска професионална моќ која е најголемиот капитал на нашата компанија. Лично, секогаш многу го ценам вложениот труд, позитивниот став кон работата и желбата за усовршување. Резултатите доаѓаат ако им овозможите на вработените да можат да се грижат за највисок квалитет и напредок, да уживаат во работата и соодветно да бидат наградени за тоа. Тоа е суштината на сé она што сме ние медисовци и со таа мисла делуваме во сите области и креираме амбициозни планови за ширење во иднина

Медис е водечка самостојна компанија за медицински маркетинг во регионот. Со внимателно одбрани иновативни лекови и медицинска опрема скоро 30 години се грижи за здравјето на луѓето на територијата на Централна Европа и на Балканот. Најголемите светски производители на лекови им ја доверуваат грижата за маркетингот и продажбата на своите иновативни лекови на овие територии. Со асортиман од преку 100 различни иновативни лекови во повеќе од 400 фармацевтски форми, Медис застапува повеќе терапевтски области како што се: неврологија, болка, зависност, ревматологија, дијабетологија, ендокринологија, гастроентерологија, кардиологија, пулмологија, онкологија, офталмологија, педијатрија, гинекологија, стоматологија и др.

Медисовата приказна започнува во 1989. година со добра стратешка идеја на основачот Тоне Стрнад, магистер по фармација, и билната аптека во Љубљана. Речиси 3 децении подоцна, Медис е успешна меѓународна компанија која врши дејност во повеќе од 10 држави.

Се прошири и во делот на едукација во здравството. Со најновите симулатори за учење на основни и напредни постапки во медицината, како што се учење на методата за оживување и интубација, симулација на породување и крварење, Медис веќе опреми неколку установи во Словенија и во другите држави со што им овозможи на младите генерации на доктори и медицински сестри учење на високо усовршени симулатори.

Медисовиот успех и континуираниот двоцифрен раст на продажба се должи на луѓето во компанијата и одличните производи. »Карактеристиките на нашите вработени се знаењето, енергијата, страста кон работата, соработката, големата желба за успех и посветеноста на вистински вредности. И токму на тоа ја градиме нашата иднина. Ќе се зајакнеме во неколку правци: преку проширување на програмата од странски производители, преку развој на сопствените производи кај кои во последните неколку години направивме важен чекор напред и преку проширување на нови пазари«, вели Тоне Стрнад.

Компанијата Медис е со седиште во Словенија, а преку компаниите ќерки врши дејност во Австрија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Унгарија, Македонија и Србија, а од минатата година и во Бугарија. Нивната застапеност продолжува да расте и од година во година се грижат за здравјето на се поголем број на пациенти во Централна Европа и на Балканот. Одличната покриеност на пазарите се должи на 300 вработени, повеќето со високо образование од областа на природните и економските науки. Сите заедно ја остваруваат Медисовата мисија – овозможуваат пристап до модерен, ефикасен и безбеден третман за лекување на пациентите.

Фото: Алеш Бравничар 

Медисови Е–новости
Се согласувам со условите за употреба.