close
Почетна > За медиуми > Новости

Новости

Доделени наградите за извонредни научни достигнувања на лекари и фармацевти

Компанијата Медис веќе трета година по ред ги доделува меѓународните награди Medis Awards за научни достигнувања од областа на медицината и фармацијата. Меѓународното независно стручно жири ги разгледа и оцени рекордниот број од 162 пристигнати пријави на учесници од осум држави, меѓу кои имаше и седум научни трудови од лекари од Македонија.

Под водство на претседателот на стручното жири проф. Др. Матијa Томшиќ, претставник од Клиниката за ревматологија на Универзитетскиот клинички центар во Љубљана, најпрво се избрани 19 финалисти, а потоа и победниците во девет терапевтски области.

Доделувањето на наградите се одржа во конгресниот и културен центар “Цанкариев дом“ во Љубљана, каде пред околу 400 гости меѓу кои лекари, фармацевти, академци и други професионалци се обрати ректорот на Универзитетот во Љубљана проф. Др. Иван Светлик. Наградите ги додели генералниот директор на Медис, Тоне Стрнад.

Наградите Medis Awards 2016 доделени на професионалци од пет држави:

На конкурсот за Medis Awards учествуваа професионалци од Австрија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска, Македонија, Унгарија, Словенија и Србија. Нивните трудови ги оцени независно меѓународно стручно жири во состав:

Претседател на жири комисија: проф. Др. Матија Томшиќ, др. мед., Словенија

  • Алергологија: проф. Др. Бранимир Несторовиќ, др мед., Србија
  • Анестезиологија: проф. Др. Љубица Пејаков, др мед., Црна Гора
  • Неврологија: Др. Игор Кузмановски, др мед., Македонија
  • Офталмологија: проф. Др. Барбара Цвенкел, др мед., Словенија
  • Педијатрија: проф. Др. Реинхолд Кербл, др мед., Австрија
  • Фармација: прим. Мирсад Шабарежовиќ, мр фарм., спец., Босна и Херцеговина
  • Пулмологија: проф. Др. Мирослав Самаржија, др мед., Хрватска
  • Ревматологија: проф. Др. Бранимир Аниќ, др мед., Хрватска
  • Урологија: проф. Др. Золт Копа, др мед., Унгарија 

Награди Medis Awards во девет тераписки области добија лекари и фармацевти од пет држави:

  • Алергологија: др Слаѓана Андрејевиќ, др мед., Србија
  • Анестезиологија: др Ален Протиќ, др мед., Хрватска
  • Фармација: др Tања Дујиќ, Босна и Херцеговина
  • Неврологија: др Срѓан Љубисављевиќ, др мед., Србија
  • Офталмологија: др Ева Ленаси, др мед., Словенија
  • Педијатрија: др Гергели Tолди, др мед., Унгарија
  • Пулмологија: др Дражена Срдиќ, др мед., Хрватска
  • Ревматологија: мр Алојзија Хочевар, др мед., Словенија
  • Урологија: др Атила Зендрои, др мед., Унгарија 
Медисови Е–новости
Изјавувам дека сум запознаен со Правилникот за заштита на правото на приватност.