close
Почетна > За медиуми > Новости

Новости

Отворени се пријавите за меѓународниот конкурс International Medis Awards for Medical Research 2016.

И во 2016. год.фармацевтското претпријатие Медис, д.о.о., распишува годишен конкурс за меѓународни Медисови награди за медицински достигнувања. Конкурсот е наменет за истражувачите и стручните лица од подрачјето на медицината кои претставиле или објавиле свој научно- истражувачки труд во специфичното медицинско подрачје.

Во 2016. година ги повикуваме сите стручни лица од подрачјето на алергологија, анестезиологија, фармација, неврологија, офталмологија, педијатрија, пулмологија, ревматологија или урологија на соработка и пријава. На конкурсот учествуваат со своите научно- истражувачки трудови кои веќе ги претставиле на важен европски или светски конгрес во облик на постер или усна презентација, или објавен напис во високо рангирана здравствена публикација со фактор на влијание поголем од 1,5.

Конкурсот е распишан во осум држави во кои Медис делува: Австрија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска, Унгарија, Македонија, Словенија, Србија.  

Истражувачкиот труд мора да биде прифатен и представен, односно објавен помеѓу 1. септември 2015. и 31. август 2016. Стручното жири ќе биде составено  од меѓународно признати лекари од различни специјалности; ќе изберат финалисти и по еден победник од секое распишано медицинско истражувачко подрачје. 

Победниците на конкурсот ќе бидат наградени со бронзена скулптура под името Иднина (Future) и со финансиски поттик во износ од бруто 2.500 €. Финалистите и членовите на стручното жири ќе бидат поканети на свечена приредба по повод доделување на наградите која ќе се одржи кон крајот на ноември 2016 во Љубљана. 

Конкурсот е веќе отворен а пријавите се примаат до 15. септември 2016.

Пријавите на англиски јазик испратете ги во дигитален облик на awards.medis.si/apply-here 

Повеќе информации за конкурсот на awards.medis.si или awards(at)medis.si.

Пријавете се и станете дел од Medis Awards мрежата на признати стручни лица!

Медисови Е–новости
Изјавувам дека сум запознаен со Правилникот за заштита на правото на приватност.