close
Почетна > За медиуми > Новости

Новости

Распишан е меѓународниот конкурс за извонредни научни достигнувања на лекари и фармацевти во 2017. година

Фармацевтската компанија Медис, д.о.о., оваа година веќе четврти пат по ред го објавува меѓународниот конкурс International Medis Awards for Medical Research. Целта на конкурсот е да најде и ги награди извонредните клинички достигнувања на лекари и фармацевти од Средна и Југоисточна Европа. Нивната работа всушност значително допринесува за развој на дијагностката и третманот и на тој начин носи многу предности за пациентите па заслужува да биде препознаена и наградена. 

»Нѐ радува тоа што Medis Awards for Medical Research станаа препознатливи награди во нашиот регион. Во изминативе три години добивме повеќе од 400 пријави од експерти од осум држави, што потврдува дека во нашиот дел од Европа има бројни, одлични истражувачки приказни од лекари и фармацеви, а нивната научна важност за многумина останува неприметена од широката јавност. Со наградите Medis Awards сакаме да им ја овозможиме препознатливоста која ја заслужуваат«, изјави  генералниот директор на компанијата Медис, Тоне Стрнад.

За пријавување на своите истражувачки трудови поканети се лекари и фармацевти од осум држави: Австрија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска, Унгарија, Македонија, Словенија и Србија. Трудовите можат да бидат од областа на: анестезиологија, гастроентерологија, гинекологија, фармација, неврологија, офталмологија, педијатрија, пулмологија (со алергологија) или ревматологија. 

Трудовите ќе ги оценува меѓународно стручно жири

Сите пријавени трудови врз основа на однапред утврдени стручни критериуми независно ќе ги оценува меѓународна жири комисија чиј претседател е проф. Др Матија Томшиќ, др мед., раководител на Клиничкото оделение за ревматологија на Универзитетската клиника во Љубљана. Останати членови на жирито се: 

  • Анестезиологија: проф. др Ненад Карановиќ, др мед., Хрватска 
  • Фармација: проф. др Иван Станковиќ, Србија 
  • Гастроентерологија: проф. др Миленко Беванда, др мед., Босна и Херцеговина
  • Гинекологија: проф. др Нандор Ацс, др мед., Унгарија
  • Неврологија: проф. др Сашо Стојчев, др мед., Македонија
  • Офталмологија: проф. др Барбара Цвенкел, др мед., Словенија 
  • Педијатрија: проф. др Реинхолд Кербл, др мед., Австрија
  • Пулмологија: проф. др Бранимир Несторовиќ, др мед., Србија 
  • Ревматологија: проф. др Бранимир Аниќ, др мед., Хрватска

Конкурсот за 2017. година ќе биде отворен до 15. септември 2017. за сите трудови објавени во периодот од 1. септември 2016 до 31. август 2017. Победниците ќе бидат прогласени на свечена манифестација која ќе се одржи на 30. ноември 2017. во Белград. Победниците ќе добијат бронзена скулптура Иднина, која ја изработил хрватско-словенскиот скулптор Јаков Брдар, почесен плакат и финансиски поттик за понатамошни истражувачки трудови. 

 

Рок за пријавување: 15. септември 2017. 

Пријава: http://www.medis-awards.com/online-registration/  

Повеќе информации: awards(at)medis.si, www.medis-awards.com  

Следете нѐ на: LinkedIn

 

Пријавете се и станете дел од Medis Awards мрежата на признаени експерти!

Медисови Е–новости
Изјавувам дека сум запознаен со Правилникот за заштита на правото на приватност.